Шокантен натпревар во Торино, се играа продолженија,а на крајот Порто успеа да го елиминира Јувентус и да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Италијанскиот првак славеше со 3-2, но Порто поради повеќе голови постигнати на гостински терен обезбеди пласман понатаму. Првиот меч во Португалија тимот на Серџо Консеисао го доби со 2-1.
Серџо Оливеира во 19.минута од пенал донесе водство за Порто, а Федерико Киеза со два гола обезбеди продолженија. Порто од 54.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Мехди Тареми.
Во продолженијата вистинска драма. Серџо Оливеира во 115.минута од слободен удар израмни на 2-2, а Адриен Рабио само две минути подоцна зголеми на 3-2. Но, сепак, Јувентус остана кус за еден погодок за пласман во следната рунда.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













