Connect with us

Косово се закани: Нема да играме без знаме и без химна против Шпанија

Фудбалската федерација на Косово побара почит од Шпанија или во спротивно нема да го игра натпреварот од квалификациите за Светското првенство (СП) кое во 2022 година ќе се игра во Катар.

Косовците во објавата на Шпанците за списокот на повикани фудбалери се наречени „територијата Косово“, а причината е јасна, Шпанија не го признава Косово и го смета како дел од Србија. 

Од Косово посочија дека ќе го играат натпреварот само ако добијат еднаква почит како сите други селекции, да играат под своето знаме и химна, а во спротивно тогаш очекуваат Шпанија да биде санкционирана.

„Правилата на ФИФА и УЕФА се кристално јасни. Без разлика што сакате да кажете, не можете да ги промените работите и правилата, ние сме призната држава“, велат од Косово.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови