Борусија Дортмунд е првиот четвртфиналист во Лигата на шампионите откако ремизираше со Севилја (2-2) во вториот дуел од меѓусебниот осминафинален двобој. Но, на првиот меч во Шпанија сепак славеше со 2-3. Норвешкото чудо Ерлинг Халанд беше двоен стрелец за „милионерите“ и најбрзо стигна до 20 постигнати гола во ЛШ. За Севилја намали Јусеф Ен Несири од пенал, а истиот фудбалер израмни на 2-2 во судиското продолжение.
Јувентус ја анулираше предноста на Порто од 2-1 од првиот меч и се избори за продолженија. Португалскиот тим поведе од пенал со голот на Серџо Оливеира во 19.минута. Но, Федерико Киеза не дозволи италијанскиот тим за загуби.
Во 49.минута го израмни резултатот, а Порто пет минути подоцна остана со играч помалку поради исклучувањето на Мехди Тареми. Киеза постигна уште еден гол во 63.минута, а Хуан Квадрадо во финишот ја погоди гредата. Но, ќе се играат продолженија во Торино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













