Франк Кеси би можел да го напушти Милан и да се пресели во Реал Мадрид. Италијанските медиуми најавуваат дека „кралскиот клуб“ е сериозно заинтересиран да го доведе одличниот играч за врска во Мадрид во летниот преоден рок.
Милан сака да го продолжи договорот на Кеси до летото 2025 година, понудена му е и поголема плата, но прстите ги вмеша Флорентино Перез. Тој му ветил дека ќе биде една од главните фигури во новиот лик на тимот на Реал Мадрид.
Актуелниот договор на Франк Кеси со Милан истекува во јуни 2022 година, а доколку не сака да го продолжи, тогаш „росонерите“ би биле приморани да го продадат по завршувањето на оваа сезона за сума од околу 50 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













