
Барселона има невозожна мисија во Париз, да се обиде да ја надомести негативата (1-4) против Пари Сен Жермен од првиот натпревар на „Камп Ноу“. Реванш мечот од од осминафиналето во Лигата на шампионите е закажан за утревечер, а фудбалерите на каталонскиот тим се надеваат дека можат да направат ново чудо.
Пред четири години, но и со Нејмар во тимот, фудбалерите на Барселона успеаја да надополнат пораз од 0-4, откако на вториот натпревар победија со 6-1. Сега тимот на Роналд Куман ќе игра на „Паркот на принцовите“.
„Верувам дека ќе одиграме многу поинаков натпревар. Се уште постои шанса. Се зависи од тоа како ќе го почнеме натпреварот, колку енергија ќе вложиме и дали ќе им направиме проблеми. Мораме да бидеме и максимално ефикасни“, изјави Роналд Куман.
Холандскиот стратег нема да ги има на располагање и дефанзивците Пике и Араухо и тоа дополнително му ја отежнува работата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг го сака Гарначо во Баер Леверкузен
