Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, вели дека нема да биде наследник на Јоаким Лев на селекторската позиција во националниот тим на Германија. Тој има договор со англискиот премиерлигаш и во наредните три години.
„Не знам зошто ме вбројуваат меѓу кандидатите за нов селектор на Германија. Јас имам уште три години од договорот со Ливерпул“, изјави Клоп.
Јоаким Лев и Фудбалската федерација на Германија денеска и официјално објавија дека селекторската позиција ќе остане празна по завршувањето на Европското првенство. Медиумите најавуваат дека Ханси Флик и Јирген Клоп се најсериозни кандидати да го наследат Јоаким Лев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













