Јоаким Лев и официјално ќе земине од селекторското место во фудбалската репрезентација на Германија по Европското првенство. Тој дојде на кормилото на Германија во 2006 година, а после 15 години одлучи да се повлече. Ова го потврди и Фудбалската федерација на Германија.
„Чест ми беше да работам со најдобрите германски фудбалери една и пол деценија, но одлучив дека е вистински тајминг да заминам по Европското првенство. Време е за нови предизвици“, изјави Јоаким Лев.
Тој направи фантастичен успех со репрезентацијата на Германија која во 2014 година стана светски шампион на Мундијалот во Бразил.
Oва значи дека Германија ќе и гостува на Македонија на 11 октомври во Скопје со нов селектор во квалификациите за СП 2022. Во опција за селекторската функција на германскиот национален тим се Ханси Флик и Јирген Клоп.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













