
Даниел Аврамовски, фудбалерот на турскиот Кајзериспор, и Марјан Радески, напаѓачот на Академија Пандев, ќе се вратат во А – репрезентацијата на Македонија за претстојните квалификации за Светското првенство. Селекторот Игор Ангеловски најверојатно следната седмица ќе го објави списокот на фудбалери кој се очекува да биде и проширен, со оглед дека Македонија ја очекуваат три квалификациски натпревари во низа.
Даниел Аврамовски игра во одлична форма во турското првенство во дресот на Кајзериспор и повторно е на нивото кога го носеше дресот на Вардар во македонскиот шампионат. Марјан Радески исто така прикажува значително подобри игри за Академија Пандев во пролетниот дел од првенството.
Македонија серијата квалификациски мечеви за СП ќе ја стартува со гостувањето против Романија на 25 март, три дена подоцна ќе биде домаќин на Лихтенштајн, а на 31.март следи и гостинска пресметка со првиот фаворит во групата, репрезентацијата на Германија.
Надежта е дека Игор Ангеловски ќе ги има на располагање сите расположливи сили, почнувајќи од капитенот Горан Пандев и сите „италијанци“, преку репрезентативците кои настапуваат во Шпанија, Енис Барди, Столе Димитриевски, Трајковски, како и Езгјан Алиоски од Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
