Барселона ја оствари целта, ја победи Осасуна со 0-2 и се доближи на два бода негатива во однос на лидерот Атлетико Мадрид, кој има одиграно и два натпревари помалку. Во очекување на денешното големо градско дерби меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, тренерот на Барса, Роналд Куман, очекува лидерот да загуби бодови.
„Победивме многу значаен натпревар против Осасуна. Атлетико и Реал играат меѓусебе што значи дека една од двете екипи ќе загуби бодови. Кој би сакал да победи? Секогаш е подобро кога тимот кој има повеќе бодови ќе го загуби натпреварот“, изјави Роналд Куман.
Карим Бензема по подолга пауза поради повреда треба да се врати во составот на Реал Мадрид, но Зинедин Зидан ги нема на располагање капитенот Серхио Рамос и Еден Азар. Од друга страна, Диего Симеоне нема големи проблеми со повредите.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski