Наполи и Џенаро Гатузо веќе очигледно не е успешна приказна. Раководството на клубот веќе подолг период размислува за прекин на соработката со популарниот Рино, но се чини дека тој веќе има друга опција. За него е заинтересирана Фиорентина.
Чезаре Прандели има договор до јуни 2021 година, а челниците на Фиорентина сакаат следен тренер на „Артемио Франки“ да биде токму Џенаро Гатузо. Сметаат дека неговиот темперамент би можел одлично да се вклопи во клупскиот амбиент и да ја подигне борбеноста на тимот.
Италијанските медиуми најавуваат дека Гатузо сериозно размислува за опцијата да се пресели во Фиренца на крајот од сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













