Актуелниот англиски првак е непрепознатлив. Менаџерот Јирген Клоп не може да го исправи бродот на Ливерпул кој тоне се повеќе на табелата во Премиер – лигата. Титулата одамна е веќе загубена, но на клубот од „Енфилд“ сега сериозно му виси и пласманот во Лигата на шампионите.
Кредитот од освојувањето на шампионската титула одамна е потрошен на „Енфилд Роуд“. Оваа генерација фудбалери заедно со менаџерот Јирген Клоп ќе останат запаметени и по негативен рекорд. Синоќа Ливерпул загуби дома од Челси (0-1), а тоа беше петти последовен пораз на „црвените“ на домашен терен.
Верувале или не, ваква црна серија клубот немал досега во 129-годишната историја. Ова е првпат Ливерпул да загуби пет меча по ред на сопствениот стадион.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













