Connect with us

Екс-голман на Јувентус доаѓа во Милан

Италијанскиот калчолигаш Милан има план за ангажман на поранешен голман на Јувентус. Со оглед дека ситуацијата со Џанлуиџи Донарума се уште не е разрешена, а агентот Мино Рајола не го увери раководството дека тој сигурно ќе остане на „Сан Сиро“, потпретседателот Паоло Малдини договори друга опција.

Дресот на Милан следната сезона треба да го облече вториот голман на Барселона, Нето. Тој би дошол како позајмен играч, со опција за комплетен откуп на договорот за 15 милиони евра. 

Нето има 31 година, а во Јувентус беше во периодот од 2015 до 2017 година. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови