Работнички ја пречекува Шкендија на Националната арена „Тодор Проески“ во 21. коло од Првата македонска фудбалска лига. „Романтичарите“ ќе се обидат да го сопрат пролетниот налет на лидерот и да го направат шампионатот малку повозбудлив.
Офанзивниот фудбалер на Работнички, Кристијан Стојкоски, вели дека тој и соиграчите се подготвени за надигрување со првопласираниот тим.
„Шкендија заслужува респект, се работи за првопласираниот тим во лигата, но тоа од друга страна за нас е и уште поголем мотив да одиграме најдобро што знаеме. Анализиравме дел од грешките кои ни се појавија на претходниот меч против Силекс и ќе се потрудиме да не ги повториме на утрешниот натпревар. Подготвени сме за надигрување со Шкендија“, вели Кристијан Стојкоски.
Шкендија цврсто го чува лидерското место и атакува на триумф на секој натпревар. Така несомнено ќе биде и на денешниот дуел против Работнички. Тренерот Ернест Ѓока има мали проблеми со одбраната, ќе отсуствува стоперот Јан Кривак, а неизвесен е настапот и на левиот бек Павиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













