Англија се обидува да ја преземе организацијата на комплетното Европско првенство. Премиерот Борис Џонсон истакна дека ги понудил сите капацитети за целосниот тек на ЕВРО 2021 да се одвива на територијата на Англија. Во период кога пандемијата на коронавирусот значително го отежнува функционирањето на светот, можеби е најдобро шампионатот да се одржи во една земја.
Англија има план и за забрзан процес на вакцинација на населението, а според него на средината на мај треба да се врати и публиката на стадионите.
„Завршницата од Европското првенство секако ќе се игра кај нас. Ако сакаат и цело ЕВРО 2021 да се игра во Англија, ние сме подготвени како земја“, истакна премиерот Борис Џонсон.
На ЕВРО 2021 за првпат во историјата ќе биде учесник и Македонија. Според планот што се уште е на сила, македонската репрезентација треба да игра два натпревари во Букурешт и еден во Амстердам.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













