Работнички одигра 1-1 против Силекс на првиот пролетен натпревар на домашен терен. „Романтичарите“ имаа водство со голот на Никола Прелчец, но во финишот Иван Галевски донесе израмнување и еден бод за Силекс.
Шефот на стручниот штаб Александар Влахо вели дека во глобала може да биде задоволен од напредокот во играта на тимот, но исто така потенцира и дека во текот на мечот се случија неколку тактички грешки по кои противникот доби можност да постигне погодок.
„Можам да бидам задоволен од напредокот во играта на тимот. Имавме одлични моменти, офанзивен пристап, агресивност во играта, напаѓавме и создадовме шанси, постигнавме погодокот по акцијата на Максимов и Прелчец. Но, имаше и тактички грешки, во одредени моменти дозволивме лесно да испаднеме од игра и противникот преку контранапади го загрози нашиот гол. Ќе мора да поработиме на тој план и да усовршиме некои детали за да бидеме уште пофункционални и поквалитетни во иднина. Што се однесува до резултатот, имавме водство до пред крајот, но не успеавме да го сочуваме. Ако се анализира целиот меч, ремито е веројатно и најреален епилог“, изјави шефот на стручниот штаб, Александар Влахо, за официјалниот сајт на клубот.
Работнички в среда, во 21.коло на Националната арена „Тодор Проески“ ќе го пречека лидерот Шкендија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













