
Фудбалскиот стратег Влатко Костов нема да достави повторна кандидатура во изборот за нов претседател на ФФМ. Изборното Собрание на Фудбалската федерација на Македонија ќе се одржи на 17.март во Охрид, а кандидатурите треба да бидат поднесени до 25.февруари. Тој вели дека еднаш поднел кандидатура која беше отфрлена и нема намера ‘пет пати’ да се бламира.
„Поднесов кандидатура и комисијата при ФФМ ми ја отфрли. Искрено, не размислувам за повторна кандидатура. Ајде сега пет пати да се бламираме и да се пријавуваме. Ние сме фудбалски луѓе со интегритет. Некој треба да даде образложение и зошто беа одбиени првичните кандидатури. Заглавени сме со членови, статути, а фудбалот ни стои во место. Ова ме замори многу, а гледам и дека дополнително го расцепи фудбалското ткиво. Поминаа неколку месеци оттогаш и моментно не размислувам за фудбалот“, изјави Влатко Костов.
Тој беше еден од четворицата кој достави кандидатура за прв човек на ФФМ, заедно со Вујадин Станојковиќ, Сашко Тасев и Харалампие Хаџи-Ристески. Единствено прифатена беше кандидатурата на Сашко Тасев, но тој самиот се откажа. Подоцна беше одржано Собрание на ФФМ за промена на неколку членови од Статутот, ама сепак излегува дека трката нема да биде премногу конкурентна.
За најсериозен кандидат за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија во моментов се смета Муамед Сејдини, кој е актуелен вршител на должноста.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Тиквеш се засили со Турчинот Толга Јакут

Евро-фудбал
Наполи ќе му го „украде“ Лукман на Интер?

Евро-фудбал
Мурињо го сака Чалханоглу во Фенербахче

Евро-фудбал
Болоња го врати Бернардески во Серија А

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ
