Connect with us

Од ОФС Тетово обвинуваат за флагрантно мешање на политиката во спортот

Мехмет Абдиу од вчера со решение од Централниот Регистар е нов претседател на Општинскиот фудбалски сојуз Тетово, а потоа и го одложи денешното закажано Изборно собрание.  

Сепак, од актуелното раководство на ОФС Тетово денеска одржаа прес-конференција и нагласуваат дека тука има флагрантно мешање на политиката во спортот. Испратија соопштение до јавноста.

ОФС  Тетово на 18 февруари го назначи Изборното собрание врз основа на статутот и барањето од страна ФФМ, кое предвидува одржување редовни избори. Ние како  ОФС Тетово, врз основа на статутот на ОФС  Тетово ги направивме сите подготовки за на 18-ти за организација на овие слободни и демократски избори.

Но, на 17 февруари, Централниот регистар на Република Северна Македонија и второстепената  Комисијата за жалби го одзедоа легитимното право стекнато по две години талкање по судовите, со флагрантно непочитување и на  второстепената  одлуката на Апелациониот суд.

За ситуацијата да биде потрагична, како претседател на ОФС  Тетово се враќа лице на кое мандатот му е истечен од 2016 година, а неможеме да не го споменеме и фактот дека истиот  тој беше суспендиран од Фудбалската Федерација на Македонија.

По овие случувања во ОФС  Тетово произлегува дека, по втор пат се повторува нашиот сојуз да не е во можност да учествува на Изборното собрание на Фудбалската Федерација на Македонија, преку интервенција на истата личност а со мешање на политиката преку подршка на најголемата македонска партија на власт.

Ја информираме јавноста дека како резултат на овие дејствија и правни повреди ќе поднесеме  жалба  до истата комисија, поткрепена со фактите кои ги поседуваме како :

-Одлука на Управниот суд од 17.01.2019 година,

-Одлука на Вишиот управен суд од 14.10.2020 година, и          
-Одлука на Централниот регистар на Република Северна Македонија од 21.01.2021 година.

Истовремено, ќе покренеме кривична пријава против членовите на комисијата кои учествувале во противзаконското поништување на горенаведените решенија.
Со ова соопштение   ја информираме јавноста дека како резултат на оваа ситуација ОФС Тетово нема да биде дел од  изборите на Редовното собрание на ФФМ и како резултат на сето тоа сите клубови членки ОФС Тетово ќе бидат парализирани во однос на функционирањето и застапеноста во Футбалската федерација.

Уште еднаш потенцираме  дека за овој неуспех на Тетово  и тетовскиот фудбал не треба да покажуваме  со прст кон никој друг,  туку кон истите луѓе поради кои по втор пат во историјата е казнет тетовскиот фудбал , а истите тие стануваат алатка на партиските политики, за жал од страна на   македонскиот политички блок.

Факт е дека, не наоѓајќи прибежиште во ниту еден друг општински сојуз во земјата, предметната партија успева да добие поддршка во нашето Тетово, со што  на последните избори за претседател не ФФМ од истите незаконски поставени лица на чело на ОФС Тетово на нелегитимно Собрание, за претседател во ФФМ, беше номиниран лицето Влатко Костов, жител на Штип.

Денес, кога повеќето општински фудбалски сојузи во Република Македонија ја поддржуваат кандидатурата за прв пат на г. Муамед Сејдини, истата клика дава се од себе да спречи реизбор на еден од најуспешните претседатели во историјата на македонскиот фудбал. Се надеваме дека надлежните органи, сепак ќе ги разгледаат нивните скандалозни одлуки, и во име на правдата, на фудбалските клубови во Тетовскиот регион нема да им биде дозволено да трпат штетни последици од истите.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови