Здравко Мамиќ, контроверзниот фудбалски работник и долгогодишен прв човек на Динамо Загтеб кој поради проблеми со власта мораше да побегне во Херцеговина, е решен да влезе во српскиот фудбал. Би било тоа неверојатно шоу, а познавајќи го Мамиќ, тој би сакал да изгради клуб кој ќе ги урива Црвена Звезда и Партизан, српските фудбалски перјаници.
Мамиќ би станал прв човек на ТСЦ од Бачка Паланка, клуб кој во моментов се финансира со пари на Виктор Орбан од Унгарија. Тој би бил прв оперативец и би ги влечел сите спортски потези во клубот за да биде изграден тим кој ќе може да им парира на најдобрите српски клубови.
Динамо Загреб се уште функционира под раководство на Здравко Мамиќ иако неофицијално, во клубот како тренер е поставен неговиот брат Зоран Мамиќ. „Модрите“ со години веќе се лидери на Балканот по продажба на фудбалери со фантастични трансфери.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













