Шкендија е лидер на табелата по есенскиот дел од шампионтот, но долга е пролетта и ќе мора тимот на Ернест Ѓока да се докажува на секој нареден натпревар. Предноста од шест бода во однос на Шкупи и на Македонија ЃП ќе треба да се задржи со добри игри и победи.
Шкендија денеска гостува во Кратово и сака победа против Силекс. Но, дефанзивецот Егзон Бејтулаи вели дека приодот на Шкендија мора да биде максимално сериозен, затоа што Силекс не е екипа за потценување.
„Подготвени сме за почетокот на пролетта. Одложувањето го искористивме за да подобриме уште некои сегменти, но сега пред нас е предизвикот Силекс. Свесни сме дека како лидери секој противник ќе игра против нас со дополнителен мотив. Нема да биде лесно, но нашата цел е јасна – одиме на победа во Кратово. Сепак, Силекс е квалитетен тим и мора да бидеме внимателни“, вели капитенот на Шкендија.
На останатите натпревари, Шкупи му гостува на Борец во Велес, Струга Трим Лум го пречекува составот на Македонија ЃП, а Ренова е домаќин на Беласица.
На арената „Тодор Проески“ ќе се одигра вечното дерби меѓу Вардар и Пелистер, а во единствениот одигран меч од 19.коло минатиот викенд Работнички ја совлада Академија Пандев со 0-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













