Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити и понуди на Барселона 15 милиони евра за да го купи Лионел Меси во зимскиот преоден рок. Во спротивно, тој по истекот на сезоната би можел да замине од „Камп Ноу“ како слободен агент, без отштета.
Меси е во „војна“ со раководството на Барселона, сакаше да замине и изминатиов преоден рок, но не ја искористи во прецизен термин клаузулата дека може да замине во друг клуб без никаква отштета. Потоа Барселона едноставно го примора да остане и да ја одработи и оваа сезона во дресот на каталонскиот клуб.
Голем удар за Аргентинецот беше и заминувањето на големиот пријател Луис Суарес, кој се пресели во Атлетико Мадрид.
Колку и да е смешно, Манчестер Сити сака да го купи Лионел Меси за 15 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













