
Бразилската ѕвезда Ришарлисон упати нова „стрела“ кон градскиот ривал Ливерпул. Напаѓачот на Евертон тврди дека во Англија сите ги мразат „црвените“ од „Енфилд Роуд“, а не се согласува и со мислењето дека Вирџил ван Дајк е најдобриот дефанзивец.
„Не знам од каде се наметна мислењето дека Ливерпул е непобедлив и дека сега сите нешто треба да им се тресат. Напротив, сите го мразат Ливерпул и едвај чекаат да го победат. Тој тим дефинитивно е преценет, а не се согласувам и дека го имаат најдобриот светски дефанзивец. Ќе ви набројам најмалку тројца подобри од него – Маркињос, Тијаго Силва и Серхио Рамос“, изјави Ришарлисон.
Евертон одлично ја почна сезоната во Премиер – лигата и се наоѓа на врвот на табелата заедно со Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski