Connect with us

Шок од Камп Ноу: Барса пред банкрот, а главен „виновник“ е Меси

Корона-кризата ги уништува и најголемите фудбалски гиганти. Од „Камп Ноу“ доаѓа шокантна вест дека Барселона е пред банкрот. Каталонскиот клуб до четврток мора да намали 190 милиони евра од тековните планирани трошоци инаку ќе влезе во финансиска дупка од која тешко се излегува. Токму поради тоа, и по заминувањето на претседателот Хозеп Мариа Бартомеу кој поднесе оставка, главна тема во Барса е намалувањето на платите. 

Пике и уште неколкумина се сложија, но главниот проблем на Барселона сепак е заработката на најдобриот – Лионел Меси. Ако Аргентинецот не се сложи на значајно намалување на платата и не се сложи да не ги добие зацртаните бонуси во неговиот договор, Барселона навистина би можела да банкротира. Звучи неверојатно, но во новата реалност – и така реално. 

„Клубот всушност живее од туризмот. А сега не ни работат фан-шоповите и музеите, се намали и приходот од наградите на УЕФА. Мораме да ги намалиме платите за најмалку 30% инаку не ни се пишува добро. Значи, во право сте, мора да се спроведат некои од идеите на Бартомеу, или во спротивно ќе биде лошо за клубот“, изјави Карлес Тускетс, претседателот на Управниот одбор на Барселона, кој сега е потписник на клубот до изборот на нов претседател. 

  

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови