Хрватскиот клуб Хајдук Сплит го доживеа третиот последовен пораз во првенството откако загуби на гости кај Истра со 1-0. Тоа ги разгневи најверните навивачи на сплитските „били“, популарната „Торцида“ која слави 70 години од постоењето. Фановите очекуваат многу подобри резултати од тимот за кој настапува и македонскиот младински репрезентативец Јани Атанасов.
„Торцида“ по вчерашниот пораз ги пречека фудбалерите и стручниот штаб на „Пољуд“ со трупци, асоцирајќи на што наликуваат кога играат на теренот. Трупците беа наредени во фудбалска формација, 4-4-2. Фановите на Хајдук важат за екстремни и не трпат кога тимот губи натпревари од послаби екипи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













