
Легендарниот Диего Марадона го има најтешкиот натпревар. Тој е префрлен на итна операција на мозокот и го очекува голема борба за живот. Се работи за крварење во мозокот кое мора да биде спречено со итен хируршки зафат.
Марадона во текот на денот беше донесен во клиниката „Оливос“ во Ла Плата. Делувал дезориентирано и брзо побарал лекарска помош. По деталните лекарски прегледи е утврдено дека Марадона има голем хематом на левата страна од мозокот и ќе мора веднаш да биде опериран.
Според извори од Аргентина, операциката е закажана за 23 часот по средноевропско време, а ќе го оперира најдобриот неврохирург во клиниката, Луке.
Голем број фанови на Марадона и на Гимназија Ла Плата веќе се собираат пред клиниката за да му дадат поддршка на легендарниот фудбалер во неговата животна битка.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski