Турскиот првак Башакшехир го совлада Манчестер Јунајтед со 2-1 и му го нанесе првиот пораз во новата сезона од Лигата на шампионите. Одбраната на „црвените ѓаволи“ беше катастрофална, па тоа го искористи Демба Ба и буквално осамен, без никој да го чува уште од сопствената половина истрча и постигна погодок во 13.минута. Един Вишча зголеми на 2-0 во 40.минута, а мала надеж за Јунајтед даде Антони Марсијал три минути подоцна. Но, ниту со Кавани, Гринвуд, Погба кои влегоа од клупата, Манчестер Јунајтед не успеа да го избегне поразот.
Лацио и десеткуван, без голем број првотимци кои отсуствуваат поради коронавирус, издржа и не загуби во Санкт Петербург. Ремизираше 1-1 против Зенит. Александр Ерокин во 32.минута донесе водство за Зенит, но Фелипе Каиседо освои бод за „лацијалите“ во 82.минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













