
Пари Сен Жермен без неколку ѕвезди отпатува во Германија и загуби од Лајпциг со 2-1. Ди Марија донесе водство за „светците“, потоа не реализира и пенал, па Нкунку и Форсберг од пенал направија пресврт. ПСЖ крајот го дочека сои деветмина фудбалери откако црвени картони заработија Геје и Кимпембе.
Барселона едвај го совлада Динамо Киев со 2-1 на „Камп Ноу“ иако украинскиот тим пристигна без дури 13 фудбалери поради коронавирусот. Меси од пенал погоди во петтата минута, а Пике во 65.минута зголеми на 2-0. Сепак, Циганков донесе неизвесност до самиот крај со голот во 75.минута. Тер Штеген фати неколку зицери иако и гостинскиот голман брилјираше на овој меч.
Јувентус очекувано славеше убедливо на гости против Ференцварош со 1-4. Алваро Мората ги постигна првите два гола за Јуве, погоди и Пауло Дибала, а Двали си постигна автогол. Во финишот Боли постигна почесен гол за унгарскиот тим.
Челси со 3-0 славеше против Рен. Два гола од пенал постигна Тимо Вернер, а во листата на стрелците се запиша и Теми Абрахам.
Ерлинг Халанд двапати стрелаше во мрежата на Клуб Бриж, а серијата ја отвори Торган Азар за убедлив триумф на Борусија Дортмунд во Белгија (0-3).
Севилја со играч помалку направи супер-пресврт против Краснодар и славеше со 3-2, иако рускиот состав имаше водство од 0-2. Ел Несири влезе од клупата, постигна два гола и донесе триумф.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Марко Барони е нов тренер на Торино

Интернационалци
Матеја Масев потпиша професионален договор со Црвена Звезда

Интернационалци
Олимпија Љубљана нуди милион евра за Димитар Митровски
