Манчестер Јунајтед го доживеа првиот пораз во Лигата на шампионите откако загуби со 2-1 од Башакшехир на гостувањето во Турција. Многу повеќе од поразот боли играта на „црвените ѓаволи“, посебно скандалозното однесување на одбраната која прими наивни голови.
Ако се знае дека Манчестер Јунајтед игра очајно и во Премиер – лигата, прашање е до кога ќе биде сигурно менаџерското столче на Оле Гунар Солскјер.
„Јас сум вработен во клубот и други решаваат дали сум најдоброто решение за менаџерската позиција. Не би можел да знам дали и кога ќе добијам отказ. Знам дека права, се за мојот тим да игра најдобро што може, а на мечот со Башакшехир видов како не треба да играме. Гол како првиот не смее да прими и многу послаба екипа од Манчестер Јунајтед, за вториот исто така не бевме добро распоредени. Тоа се наивни грешки за ваков тим. Овој пораз не носи чекор назад, но во Лигата на шампионите никогаш не е лесно да се победи“, изјави Солскјер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













