
Навивачката група на Вардар, Комитите, по минималниот пораз на „црвено-црните“ од Шкендија во Тетово (1-2) посочија дека се таложи гневот и само прашање на време е кога ќе експлодира откако најтрофејниот клуб стана бездомник и нема каде да тренира. Потенцираат дека Вардар е избркан и заробен од себични и нафатирани олигарси.
Храбра игра, достоен пораз, ќе напредуваме со играта уште повеќе.
Браво момци ???
Тука сме и во среда, каде доаѓаме без очекувања но со само една желба !
Останува гневот кој се таложи, и кој само е прашање на време кога ќе експлодира.
Гнев, затоа што она што за нас е свето, за некои е само објект за поткусурување.
Гнев, затоа што сме избркани од својот дом само затоа што немаме имотен лист, иако живееме таму повеќе од 70 години.
Гнев, затоа што сме заробени од себични и нафатирани олигарси, исфрустрирани до тој степен што ги фатило слепило, па не ги распознаваат боите на своите пулени.
Гнев затоа што никој не застанува позади Вардар кога е тешко, а се китат со успесите, и се редат како на филмска лента генерали после битка…
Е така нема да може !
Ова е филтер кој мора да го поминат сите, само вистинските ќе испливаат и ќе застанат цврсто на земја, и кога тлото под нас тоне, и кога го користат Вардар како оружје за битки кои немаат допирна точка со спортот и фудбалот.
Ние гледаме, помошта ја нема од онаму од каде треба да дојде, нели, од центарот за удирање по гради…а доаѓа од таму од каде не очекувавме…Тоа ќе биде запаметено и испочитувано
Храбра игра, достоен пораз, ќе напредуваме со играта уште повеќе. Браво момци ??? Тука сме и во среда, каде доаѓаме без…
Posted by Komiti Skopje on Sunday, February 28, 2021

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
