
Личниот лекар на Марадона, Леополдо Луке е под истрага дека придонел за смртта на аргентинскиот фудбалски ас со пропустите во грижата за серизно болниот аргентински фудбалски ас.
По обвинувањата од ќерките на Марадона, обвинителството почна истрага и тој денеска или најдоцна утре ќе се појави да одговори на обвинувањата според кои тој недоволно се погрижил за Марадона по операцијата на мозокот, тврдат дел од аргентинските медиуми. Други пак велат дека тој воопшто нема да биде сведок и дека истрагата допрва треба да докаже дека постоела лекарска негрижа и пропусти.
Како дел од истрагата, полицијата спроведе рации и во болницата каде што работи Луке во неговиот дом. Локалните медиуми јавуваат дека биле ангажирани 60 полициајци.
За пропуст на лекарот се смета тоа што не ги спровел сите потребни процедури кога го отпуштил од болница Марадона и дека неговата негрижа довела до тоа легендарниот фудбалер да нема доволно медицинска нега во моментот кога му се влошила состојбата.
Како доказ на обвинителството наводно ќе послужи и повикот на Луке до брзата помаш во кој тој не објаснил дека помош му е потребна на Марадона туку само рекол 60-годишен човек.
Прашањата на кои ќе треба да одговори Лике се: Дали имало прописно пополнета отпусна листа кога Марадона ја напуштил болницата по операцијата на мозокот? Зошто немало доктор специјалист во домот на екс-фудбалерот? Дали во куќата имало адекватни лекови? Зошто немало дефибрилатор во домот и дали состојбата на Марадона бил следена во последните часови пред смртта?
Засега нема никаква реакција од Луке.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
