Connect with us

Докторот на Марадона: Немам што ја кријам, до последен миг се борев за неговото здравје

Смртта на легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона го потресе целиот свет, а тридневна жалост беше прогласена во Аргентина. Обвинителството поведе и истрага дали лекарскиот тим му ја пружил сета неопходна нега и здравствена помош на Марадона тој кобен ден. Полицијата спроведе рации во приватната клиника и во домот на докторот Леополдо Луке, личниот лекар на Марадона. 

„Немам што ја кријам, апсолутно ќе помогнам и ќе соработувам во сите аспекти од истрагата. Сите ние се грижевме Диего да ја има целата нега што му беше потребна, и докторите, и пријателите и пред се семејството. Постојано се грижевме дали ќе ги пие сите лекови, но и мораше да проверураме да не посегне по алкохолот. Да, можевме и да го однесеме во рехабилитациски центар за третмани, но Диего Марадона тоа не го сакаше. Имаше желба да се опоравува дома по операцијата на мозокот. Таа беше направена на одличен начин, а тој имаше и срцеви проблеми. Навистина неговата здравствена состојба беше сериозна. Ги имаме сите документи дека на Марадона му беше неопходна операција на мозокот. Шест доктори го евалуираа целиот процес. Смртта не настапи како проблем од операцијата. Идеално можеби ќе беше да замине на опоравување, но Диего инсистираше да закрепнува дома. Против неговата волја не може никој“, изјави Леополдо Луке, откако беше спроведена истрага во неговата ординација и во домот. 

   

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови