Connect with us

Марадона ја претчувстувал смртта и испратил срцепарателна порака: „Чувај го мојот ангел“ (ВИДЕО)

Диего Армандо Марадона како да ја претчувстувал смртта, последните денови имал сериозно нарушена здравствена состојба, не излегувал од својата соба последните 48 часа, а во тие моменти ја испратил и последната порака. 

Станува збор за телефонски разговор која Диего Марадона ја испратил до Марио Баудри, човекот кој сега е во врска со неговата поранешна љубов, Вероника Охеда, а со која го има седумгодишниот син Диего Фернандо.

Марадона го замолил Марио Баудри да го чува, како што вели, неговиот ангел, најмладиот наследник.

„Здраво Марио, ти зборува Диего. Знам дека ова ќе ти изгледа неверојатно, но гледам дека Веро е многу добра, ми кажа дека е со тебе. Чувај го и мојот ангел. Имам многу деца, но овој е посебен. Ти испраќам прегратка“, е пораката на Марадона која може да биде протолкувана и како проштална. Воочливо е дека Марадона едвај зборува и не се чувствува најдобро.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови