Connect with us

Реал нема пари да го направи трансферот на векот и да го купи Мбапе

Шпанскиот гигант Реал Мадрид подолг период прави планови како да го доведе француското  голгетерско чудо Килијан Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“, но, сепак, шпанските медиуми трдат дека тоа за „кралевите“ ќе биде невозможна и следното лето. Клубот има финансиски проблеми предизвикани од пандемијата на коронавирусот, а за Мбапе ќе се идвојат севкупно околу 300 милиони евра. 

Договорот на Французинот со ПСЖ истекува во 2022 година, а „светците“ веќе му понудија нов со годишна плата од 50 милиони евра. Прашање е дали Реал Мадрид ќе може да парира на оваа понуда, иако Мбапе има огромна желба да се пресели во Мадрид.

Според информациите, Реал Мадрид би можел да ја плати отштетата која би изнесувала околу 180 милиони евра, но пресметките се дека плата на Мбапе би бил преголем товар за буџетот на клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови