Фудбалскиот сојуз на Србија му ја понудил селекторската позиција на искусниот француски стратег Арсен Венгер. Како што откриваат српските медиуми, претседателот Славиша Кокеза стапил во контакт со 72 – годишниот Венгер и му понудил да биде селектор на Србија, но тој ја одбил понудата.
Венгер истaкнал дека не е заинтересиран да биде селектор на Србија и се заблагодарил, потенцирајќи дека сега е фокусиран на сосема друг предизвик поврзан со ФИФА.
Србите најавуваат дека нема да штедат финансии за да доведат познато фудбалско име на селекторската клупа. Планот е новиот селектор на Србија да биде промовиран до 15. декември.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













