Олимпик Марсеј конечно ја прекина лошата серија во Лигата на шампионите. По 13 порази, успеа да победи дома против Олимпијакос со 2-1. Стрелец на двата гола беше Димитри Паје, постигнати од белата точка.
„Среќни сме. Конечно, падна клетвата. Пред само неколку недели си ја чукавме главата од мака. Не ни одеше ништо, редевме порази. Сега успеавме да победиме. Тоа е истиот тим, истите фудбалери. Но, сега ќе биде многу полесно. Ги освоивме првите три бода и иако ништо не зависи од нас, ќе играме до крај“, изјави Димитри Паје.
Во последното коло од групниот сегмент во ЛШ, Олимпик Марсеј му гостува на Манчестер Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













