
Францускиот стратег Зинедин Зидан останува на кормилото на Реал Мадрид најмалку уште една седмица. Тој ќе добие шанса да го одведе „кралскиот клуб“ во нокаут фазата од Лигата на шампионите со триумф на домашен терен против Борусија Менхенгладбах. Работите за шпанскиот гигант се закомпликуваа по поразот од Шахтјор Доњецк во Украина, а сериозно беше рагзледувана и опцијата за разделба со тренерот.
Сепак, претседателот Флорентино Перез одлучил да му даде уште една можност на Зидан, особено откако и фудбалерите застанале на негова страна и признале дека тие се највиновни за последните два порази, против Алавес во Ла Лига и против Шахтјор Доњецк во Лигата на шампионите.
Маурисио Покетино е главниот кандидат за наследник на Зизу на клупата на Реал Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski
