Connect with us

Соиграчот на Несторовски се сели кај Алиоски во Лидс

Аргентинскиот интернационалец Родриго де Пол е на добар пат во јануари да се пресели во Премиер – лигата. Соиграчот на Илија Несторовски од Удинезе набрзо би можел да му стане нов клупски колега на Езгјан Алиоски и да потпише договор со Лидс Јунајтед. 

Марсело Биелса, менаџерот на Лидс, инсистира овој трансфер да се реализира во зимскиот преоден рок, Раководството на клубот е подготвено да плати 37 милиони фунти колку што бара Удинезе за да му дозволи на Родриго де Пол да си замине. 

Одличниот играч за врска беше цел на Јувентус и на Интер во летниот преоден рок, но на крајот остана во Удине, а сега би можел да се пресели во Англија. 

    

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови