Жерар Пике ќе отсуствува подолг период поради повреда и тренерот Роналд Куман инсистираше да биде купен нов одбранбен фудбалер во јануари, но можеби и ќе го промени планот. Причина за тоа е младиот дефанзивец Оскар Мингез, кој дојде на помош од „Ла Масија“ и одигра одлично на три натпревари.
Мингез беше речиси беспрекорен против Динамо Киев, Осасуна и против Ференцварош, па сега раководството на каталонскиот гигант се прашува дали евентуална инвестиција во Ерик Гарсија од Манчестер Сити би бил исправен потег.
Ерик Гарсија може да дојде следното лето како слободен агент со оглед дека нема минутажа во Сити, а на Куман полека му се враќаат и Роналд Араухо и Самуел Умтити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













