
Францускиот стратег Зинедин Зидан е под силен притисок на последните лоши резултати на тимот и раководството на Реал Мадрид му постави ултиматум. Мора да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите и да почне да победува во Ла Лига, или во спротивно ќе добие отказ. Претседателот Флорентино Перез одлучи да му даде уште една шанса затоа што тоа го барале фудбалерите.
Капитенот Серхио Рамос застанал цврсто зад шефот на стручниот штаб, бил самокритичен и кажал дека фудбалерите се најголемите виновници за последните слаби игри и порази. По двочасовен разговор, фудбалерите му ветиле на Зидан дека ќе се пласираат во следната рунда од Лигата на шампионите, а тоа значи да ја победат Борусија Менхенгладбах на решавачкиот меч во Мадрид.
Во Ла Лига, „кралевите“ утре и гостуваат на Севилја.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski