
Фудбалскиот сојуз на Србија интензивно преговара со неколку кандидати за поставување на нов селектор на сениорската репрезентација. По разделбата со Љубиша Тумбаковиќ имаше најави дека можеби и странец ќе дојде на кормилото, но Арсен Венгер ја одбил понудата. Сега фокусот е повторно кон српски стратези.
Најсериозен кандидат за нов селектор на фудбалската репрезентација на Србија е Владан Милојевиќ, стратегот кој ја одведе Црвена Звезда во групите од ЛШ, а сега е на клупата на Ал Ахли. Покрај него, во опција се и Славиша Јокановиќ кој го предводи Ал Гарафа во Катар, Вељко Пауновиќ кој е менаџер на Ридинг и Иван Јовановиќ, единствен кој нема ангажман.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal