Аргентинскиот интернационалец Анхел Ди Марија сака да го напушти Пари Сен Жермен и да се пресели во Италија. Неговиот план е од следната сезона да настапува во Серија А и тоа го запали алармот кај двата најмоќни клуба на финансиски план, првакот Јувентус и Интер.
Ди Марија не е задоволен од минутажата и статусот кој го има во тимот под раководство на Томас Тухел и најавил дека сака да замине по завршувањето на сезоната. 32-годишниот офанзивец досега настапуваше во Шпанија, Англија и во Франција, а од следната сезона сака да се испроба и во италијанскиот шампионт.
Анхел Ди Марија ќе биде слободен агент и ќе може без отштета да се пресели во друга средина. Ова секако им одговара на Јувентус и на Интер кои ќе се обидат да го придобијат левокрилниот напаѓач.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













