Connect with us

Реал Мадрид во јануари го купува Шобошлаи

Шпанскиот гигант Реал Мадрид најави дека во зимскиот преоден рок нема да доведува нови фудбалери, но германскиот „Билд“ го откри тајниот план на Зинедин Зидан. Тој сака во јануари на „Сантијаго Бернабеу“ да го доведе Доминик Шобошлаи, офанзивниот играч за врска на Салцбург. Првиот контакт веќе го остварил телефонски и му најавил дека сака да го види во својот тим, а допрва ќе следат конкретните преговори.

Шобошлаи оваа сезона учествувал во 17 погодоци на својот тим како стрелец и асистент, а тоа не остана незабележано од скаутите на Реал Мадрид. На Зидан му недостига играч кој ќе го раздвижи  навалниот ред и смета дека Унгарецот може да донесе нова енергија во разнишаниот тим на „кралевите“.

Реал Мадрид е подготвен да плати 25 милиони евра за да го доведе младиот фудбалер во своите редови, но во наддавањето се вклучува и европскиот првак Баерн Минхен.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови