Англискиот премиерлигаш Ливерпул е заинтересиран за дефанзивецот на Лајпциг, Ибрахима Конате, пренесуваат медиумите на Островот. Раководството на „врвените“ веќе отпочнало преговори со агентот на Конате и сака да го доведе на „Енфилд Роуд“ во јануари. Тој треба да ја пополни празнината што се јави со повредата на Вирџил ван Дајк.
20-годишниот Конате игра одлично оваа сезона во дресот на Лајпциг и го привлече вниманието на големите европски клубови. Сепак, германскиот клуб нема да дозволи Конате да замине за мала отштета. Трансферот ќе биде одобрен само доколку пристигне понуда од 40 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













