Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски беше стартер на „Стемфорд бриџ“, а неговиот тим Лидс Јунајтед загуби на гостувањето кај Челси со 3-1 во дуелот од 11. коло во Премиер-лигата.
Со голот на Бамфорд уште во четвртата минута, Лидс дојде до почетна предност, но Челси возврати преку Жиру во 27 минута за 1-1 на полувремето. Во вторите 45 минути, голови за „сините“ постигнаа и Зума и Пулишиќ за конечни 3-1, а Алиоски го напушти теренот во 70.минута.
За Челси ова е шеста сезонска победа и со 22 бода е на лидерската позиција на табелата најмалку до утре кога Тотенхем го игра дуелот од оваа рунда. За Лидс кој е 13. позиција на табелата со 11 бода ова беше петти пораз.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













