Контроверзниот италијански фудбалер Марио Балотели е без клуб уште од март кога се раздели со Бреша. Иако имаше најави дека можеби ќе замине во далечниот Бразил и ќе потпише за Ботафого, сепак, многу веројатно дека ќе остане на „чизмата“ и ќе соработува со стари познаници.
Силвио Берлускони и Адријано Галијани ќе го приберат Марио Балотели во Монца. Клубот кој се натпреварува во Серија Б има потреба од квалитетен напаѓач и ќе ризикува со темпераментниот Балотели. Неговите играчки квалитети се неспорни, но тој исто така има многу карактерни особини кои не им се омилени на тренерите.
Монца во моментот се наоѓа на осмата позиција на табелата во Серија Б со 14 бода од девет натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













