Легендарниот Диего Армандо Марадона ги изоставил поранешната сопруга и ќерките од тестаментот, тврди италијанскиот весник „Ла Република“, пренесувајќи дека познатиот фудбалер кој неодамна почина има дури 11 непризнаени деца. Марадона почина на 25 ноември од срцев удар. Тестаментот на Марадона сега е во центарот на вниманието.
Пред неколку години, Марадона рече дека сè ќе донира во добротворни цели, но тоа нема да се случи. Тестаментот е тежок повеќе од 100 милиони евра. Тој има банкарски сметки во Монако, Дубаи, Синалоа, Минск и во Хавана.
Поседува голем број имоти и дури по неговата смрт беше откриено дека има вила во Буенос Аирес за која знаеја само три лица – неговиот најдобар пријател, неговата поранешна сопруга и неговиот син.
Покрај недвижен имот и пари, Марадона има и некои работи кои имаат повеќе сентиментална вредност. Станува збор за златна топка добиена од ФИФА, писмо од Фидел Кастро, црвена маица од Уго Чавез, гитара од аргентинскиот кантавтор Андреас Каламар и многу дресови на разни фудбалери кои ги разменуваше за време на натпреварите, а подоцна и надвор од теренот.
Марадона официјално има пет деца, но аргентинските медиуми јавуваат дека има уште 11, кои не ги признал.
Тој нема да остави ништо на неговата поранешна сопруга и ќерките и сè ќе му остави на неговиот син Диегито, роден во 2007 година.
Другите непризнаени деца ќе направат ДНК-тест и заедно со ќерките ќе се борат за дел од наследството, доколку се покаже дека тие се деца на Марадона.
Распределбата на она што Марадона го остави во својот тестамент ќе трае со години, според „Ла Република“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski