
Барселона е во небрано, клубот го тресе финансиска криза, тимот на Роналд Куман не ги остварува очекуваните резултати, а најголемата ѕвезда Лионел Меси, како што тврдат шпанските медиуми, е во депресија. Поради смртта на Диего Марадона, но и поради лошите односи со раководството на Барселона, Аргентинецот не ги прикажува игрите за кои е способен.
На мечот против Кадиз, Меси ја прикажа најлошата игра оваа сезона. Статистиката вели дека тој на последниот дуел имал дури 29 загубени топки, најмногу од стартот на сезоната и тоа е плод на лошата политика на клубот, но и на делумната промена на тактиката која ја спроведе Куман. Сега целиот тим не е комплетно фокусиран да игра за Лионел Меси, како што тоа го правеа некои поранешни тренери на каталонскиот тим, а најмногу Пеп Гвардиола.
Актуелниот договор на Лионел Меси со Барселона завршува на крајот од сезоната, а најавите се дека тој ќе го напушти „Камп Ноу“. Најсериозен кандидат за негов ангажман е Манчестер Сити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
