
Шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ ќе остане на „Сан Сиро“ и следната сезона. Тој му дал збор на Паоло Малдини во непосреден разговор на трибините за време на мечот против Селтик во Лигата на Европа. Ибракадабра во свој стил вели дека би играл и со внукот на Малдини.
„Ако мене ме прашувате, јас можам да играм уште долго. Не само со синот на Паоло, туку и со внукот кога ќе се роди. Но, и Милан се прашува“, изјави Ибрахимовиќ.
Тој вели дека Милан во моментот е на врвот на табелата во Серија А, но тоа ништо не мора да значи.
„На врвот сме, играме добро, но ништо немаме освоено. Далеку е крајот на првенството, мора да продолжиме во ист стил, а овој Милан има капацитет да биде шампион“, изјави шведскиот ас.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
