Барселона успеа уште еднаш да се извлече од „дупка“ и тоа на грбот на фудбалерите. Финансиската ситуација во клубот е алармантна, па раководството мора да ги намали платите за да избегне банкрот. На крајот, по долги негодувања, фудбалерите се согласија да помогнат во неволја.
Според „Кадена Коп“, по долги преговори, управата конечно успеа да се договори со играчите за намалување на платата. Барселона ќе заштеди 122 милиони евра за плати оваа година. Каталонскиот клуб договори и следната година да не им исплати на фудбалерите 50 милиони евра во бонуси. Тие ќе бидат исплатени, но периодично во текот на следните три години кога клубот ќе се стабилизира од кризата поради пандемијата со коронавирусот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













