
Баерн Минхен ремизираше на гости против Унион Берлин (1-1). Тимот на Ханси Флик не успеа да наметне свој ритам, па домаќинот поведе во раната фаза од мечот со погодокот на Гриша Промел во четвртата минута.
Баерн Минхен долго се обидуваше да израмни, Унион Берлин умешно се бранеше, но бедемот го проби Роберт Левандовски во 67.минута. До крајот, баварскиот клуб притискаше и за триумф, но не успеа вторпат да ја затресе мрежата на Унион Берлин.
Баерн Минхен и Лајпциг со по 24 бода се наоѓаат на врвот на табелата во Бундес-лигата, а Баер Леверкузен има 22, но и еден меч помалку.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski