Францускиот првак Пари Сен Жермен синоќа загуби на „Паркот на принцовите“ од Лион со 0-1, но многу повеќе грижи од поразот на Томас Тухел и на раководството на клубот им создава повредата на Нејмар. Тој беше изнесен на носилки од теренот откако Тијаго Мендеш грубо стартуваше на неговиот скочен зглоб.
Во текот на денешниот ден Нејмар ќе ги мине деталните лекарски прегледи, но јасно е дека не се работи за наивна повреда. Бразилецот го напушти теренот на носилки и во солзи. Надежите на ПСЖ се дека сепак не се работи за скршеница, ниту за скинати лигаменти на скочниот зглоб. Нејмар досега имаше две подолги паузи токму поради повредите на истиот скочен злгоб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













